Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ЦИРИХ НА НОЗЕ: Хулигани се судрија со полицијата

(ВИДЕО-ФОТО) ЦИРИХ НА НОЗЕ: Хулигани се судрија со полицијата

Над десетина маскирани хулигани се судриле со полицијата во центарот на Цирих, палејќи ги автомобилите, дрвјата и кантите за отпадоци, соопшти денеска швајцарската полиција.

Полицијата употребила гумени куршуми, солзавец и водени топови како би ја растерала групата на од околу 200 лица, од кои повеќето се со маски на лицата, биле наоружани со метални шипки и фрлале камења и проектили на полицајците пренесува АФП.

Во нередите доцна синоќа, зад кои, според полицијата, стои радикалната левица, направена е материјална штета која се проценува на неколку стотици илјади евра.

Групата која се собрала околу 22 часот, фрлала камења на полицијата, запалила едно полициско возило и украла полициска опрема, пред доаѓањето на појачувањето, се наведува во соопштението на локалната полиција.

Хулиганите палеле дрвја, автомбили и канти за отпадоци, ги искршиле излозите на продавниците како и еден прозор на преполн ресторан, а престрашените гости избегале во подрумот на задниот дел на тој објект.

Полицијата успеала да полноќ да воспостави ред. Четворица мажи од кои два Швајцарци, како и државјани на Велика Британија и Лихтенштајн  се уапсени под сомнение дека учествувале во нередите.

Цирих, најголемиот град во Швајцарија, еден од главните финансиски центри во кој се сместени бројни банкарски гиганти и еден од најбогатите европски градови.

Слично

Поврзани вести