(ВИДЕО-ФОТО) ЦЕЛ ГРАД ЛЕЖИ НА МИСТЕРИОЗНИ ТУНЕЛИ: Некогаш биле добро скривалиште за војници!
Градот Хо Ши Мин е најголем град во Виетнам кој крие небројно многу тајни. Една од нив стана атрактивна туристика дестинација која многубројни луѓе ја посeтуваат во текот на цела година. Имено, градот лежи на тунели кои се долги преку 250 километри и се протегаат до Камбоџа.
Во рамки на нив се наоѓале соби за спиење, кујна , болница, сали за состаноци, и арсенал од оружје.
Овие тунели биле клучно бојно поле на борбите на Виетконг и Армијата на САД за време на војната.
Тунелите претставуваат најдобар пример како виетнамците воеделе војна. Се работи за 250 км ископани тесни тунели во кои се криеле и движеле војниците.
Тунелите ги поврзувале главните командни места, болници, скривалишта и фабрика за оружје. Туристите може да поминат низ некои од нив, а местото ќе ве врати неколку децении наназад и таму можете навистина да почувствувате колкав судир се одвивал на тие простори.
Познатите Цу Чи тунели се изградени во 1947 година како локалното население би можело да се крие од француската колонијална власт, но најмногу ги користеле виетнамските војници во текот на Виетнамската војна.
Со помош на тие тунели им се задавале големи проблеми на американскиот непријател бидејќи ги користеле како тактичка прегледност, па од нив изненадно напаѓале, поставувале замки, но и во нив се криеле од бомбардирања. Многу луѓе во клаустрофобичните тунели поминела многу години, но и во ив ги оставиле животите.
Според достапните податоци, во тунелите умреле дури 45 000 луѓе.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/7ZEs0HgYphU[/embed]

