(ВИДЕО-ФОТО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НАД ХРИСТИЈАНСКИ ГРАД: Експлодирале три автомобили-бомба, 60 мртви!
Три бомби кои биле поставени во абтомобили експлодирале во сирискиот град Тел Тамер каде што живеат голем број сириски христијани. Во овој терористички напад настрадале 60 луѓе, а се повредени 80.
Овој град се наоѓа во североисточната провинција Ал Хаска, во близина на болница на курдиските полицајци и пазар. Настраданите воглавно се цивили, а помеѓу жртвите се и курдиски и сириски борци, како што пренесуваат светските агенции.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/denge_Kurdistan/status/675038052243398657?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Автомобилите биле полни со голема количина на експлозив, а детонациите биле толку силни што огромни штети претрпеле и околните згради и објекти. Засега ни една терористичка група не ја презема одговорноста за нападот.
Инаку, во Тел Тамер се наоѓа седиштето на Асирската христијанска заедница, а во него живеат Курди и Арапи. Поради тоа, често се наоѓаат како мета на напади од „Исламска држава“.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/XN5xZAu1cT0[/embed]