(ВИДЕО-ФОТО) Стотици евакуирани после пожарот во Дубаи
Стотици луѓе се евакуирани денеска од една од највисоките згради на светот кога пожар избувнал и го зафатил „Torch“ во Дубаи, облакодерот висок 79 ката.
Очевидци пренесуваат дека огнот избил од двете страни на зградата, а стаклото и металот паѓале од врвот на структурата повеќе од 330 метри, пренесува Хина.
Болнички извори велат дека нема повредени. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот неколку часа од огласувањето на алармот околу полноќ по средноевропско време.
Засега е непозната причината на пожарот кој најверојатно избил на 50-тиот кат на облакодерот отворен во 2011.
Распламнат пожар
Очевидци велат дека силниот ветер го развеал пожарот и фрлал парчиња метал и стакло до стотици метри по блискиот автопат.
Сообраќајот во кварталот е запрен, а станарите на две соседни згради, исто така е евакуирани.
Бројни луѓе на улиците излегувале во пижами, а други во вечерни тоалети после враќањето од баровите и рестораните во текот на викендот.
Дубаи е еден од седум емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати.

