(ВИДЕО-ФОТО) Со ова моќно оружје, Русите ги уништуваат џихадистите во Сирија!
Русија вчера ги изврши првите воздушни напади на Сирија како би се обидела да ја уништи Исламската држава и слободно можеме да кажеме дека за ваква борба повеќе од добро се подготвила.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UdR3aLZgQvA[/embed]Имено, Русија на чело со Владимир Путин веќе подолг временски период го претставува своето борбено оружје, кои имавме шанса да го видиме и оваа година на воената парада во Москва.
Засега целата борба се врши од воздушна линија, па во тие цели се ангажирани бомбардерите “Su-24M”, “Su-34″, борбените авиони “Su-30″ и борбените хеликоптери “Mi-24″.
Во случај Русија да започне и копнена офанзива , Путин ќе го употреби тенкот „Армата“ кој е познат и како „тенк разбивач“.
Како што се наведува, главната предност на овој тенк е техноогијата, која овозможува во куполата да нема возач, туку со него да се управува со далечинско од изолирана оклопна капсула.
Исто така, роботот по име „Платформа М“ за кој прв пат се дозна минатата година во текот на руските воени вежби кај Калинин град, има далечниско управување, а е вооружен со ракетни фрлачи и автоматски пушки „Калашников“.
И руската авио-корпорација МИГ добро ја завршила својата „работа“ и развила пред два месеци нов воен авион кој ќе биде „наследник“ на сега веќе познатиот МИГ-29, летало кое е во употреба од 1983 год. Тој е од категоријата „невидливи“ и се одликува со единствена технологија.
Поедини американски претставници изразиле сомневање дека се на мета на руски воздушни удари и териториите на кои не се наоѓаат исламски терористи, а сириски опозициони активисти тврдат дека и во тие напади имало цивилни жртви.



