Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Сирискиот ужас: Бебе повредено во утробата на мајка си

(ВИДЕО+ФОТО) Сирискиот ужас: Бебе повредено во утробата на мајка си

Бебе од Сирија беше донесено на свет со повреди на главата од експлозиите во кои настрадала и неговата мајка. Родилката во текот на деветтиот месец била повредена во експозиите во градот Алепо.

Наводно, се работи за воздушни напади од владините сили на Сирија, пишува CNN.

Новороденчено на главата имало забоден шрапнел и видни лузни од повредите што ги добило додека било во утробата на мајка си.

tocka-171735

"Крвавеше од неколку делови на телото, додека нејзините деца беа покрај неа. Крвавеше и од стомакот. Бидејќи стравувавме за нејзиниот живот и животот на нејзиното бебе во стомакот, се одлучивме за итна операција", раскажале докторите во болницата.

12033029_1637251016553941_1392184480391349025_n

Новороденото девојче го добило името Амел, или Надеж, поради сè што преживеало во првите денови од животот.

„Не е ни родена, а веќе е мета. Се надевам дека ќе има подобра иднина", рекол доктор Мухамед Таб.

Инаку, Алепо најголемиот град на Сирија  е поделен меѓу опозициските борци, сириската влада и курдските сили, честите бомбардирања и улични битки се секојдневие.

Бомбардирањето започна како граѓанска војна во земјата, а е се поинтензивно од крајот на 2013 година.

Каква е ситуацијата во овие простори, погледнете на следново видео.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=t8h8M08RbMg[/embed]
Слично

Поврзани вести