(ВИДЕО-ФОТО) ШВЕДСКА ВО ШОК: Мигрант со нож убил работничка во прифатен центар за бегалци!
Тинејџер азилант ја убил Александра Мехзер во понеделникот утрото во Мелндал, на западниот брег во Шведска.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/GTnyheter/status/691857438518218753?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Девојката веднаш е префрлена во болница, но починала од здобиените повреди. Малолетниот убиец го фатиле останатите работницте на прифатниот центар и го држеле додека дојде полицијата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/nhMPpEvOe-M[/embed]„Ваквите ситуации станаа секојдневие. Имаме работа со вакви случки откако ни дојде голем број бегалци“, изјавил портпаролот на полицијата Томас Фуксборг за новинаската агенција ТТ. Тој рекол дека полицијата го има ножот со кој е извршено убиството, но дека уште не се знае зошто тинејџерот мигрант ја убил Александра.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/MidEastNews/status/691785011721310208?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Имено, 22 годишната Александра Мехзер, ја нападнал со нож во понеделникот наутро 15 годишен тинејџер.
Александра, чие семејство дошло од Либан, работела во прифатилиште за деца без родителска придружба само неколку месеци. Убиена е истиот ден кога шведската полиција побарала од Владата да постави повеќе полицајци во бегалските центри како мигрантите поефикасно би се спречиле да вршат насилство.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/TheLocalSweden/status/691891964330008576?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Насилството во прифатните центри во Шведска се удвоиа од 2014 до 2015 година кога во таа земја од 9,8 милиони жители, влегле 160 000 мигранти. Пред овој инцидент четири девојки помлади од 18 години се пријавиле во период од три недели дека на јавни базени во центарот на Стокхолм сексуално ги нападнале млади мигранти.
Во исто време, полицијата предупредила дека главните железнички станици станале небезбедни бидејќи ги запоседнале банди од млади мигранти кои крадат и напаѓаат жени. Цели групи млади бегалци наводно скитаат по престолнината на Шведска и ја одбиваат помошта на власта.
