(ВИДЕО-ФОТО) Што прави Барак Обама кога мисли дека никој не го гледа?!
Претседателот на САД Барак Обама е под често око на домашните и светските медиуми кои го следат секој негов чекор. Секој негов настап во јавноста се следи будно - што говори, каде оди, што прави, со кој се движи ...
Но што прави еден од најмоќните луѓе на светот кога остане сам. Е тоа конечно е откриено во видеото во кое првиот човек на Америка ја прикажува својата друга страна.
Прво една насмевка пред огледало ... За добар почеток на денот...
Потоа треба да се избере најдобра поза, сепак тој е претседател на САД
Хмммм, можеби и не би требало да биде толку сериозен, зарем, не?
Во тоа име ...
Секој сака на моменти да биде кул, во стилот на Џејмс Бонд ...Секој ...Па и првиот човек на Америка.
Уште една „опасна“ поза ...
Е, сега е време за она кое сите ние го правиме. Селфи ...
Секако, тоа и не е така лесно. Мора да се избере вистинска насмевка за најдобро селфи. Можеби од друг агол?
Е доста ... Време е за ужина ...
Во моментите на пауза Барак Обама сака и да црта ... Кој друг ако не неговата сопруга Мишел. Дали ќе и се допадне?
И за крај еден победнички кош
Целото видео е снимено како промоција на програмот на Обама за здравствена заштита.
Слично


