Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) СЕРИЈА БОМБАШКИ НАПАДИ: Најмалку 150 лица загинале, десетици повредени во експлозии

(ВИДЕО-ФОТО) СЕРИЈА БОМБАШКИ НАПАДИ: Најмалку 150 лица загинале, десетици повредени во експлозии

Најмалку 150 лица загинале, а повеќе стотици се повредени во низа бомбашки напади во Хомс и кај храмот во близина на Дамаск, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, додека Вашингтон и Москва работат на обезбедување на прекин на огнот во Сирија.

Eksplozija-bombe-u-Damasku-2-620x350

Најмалку 59 лица, од кои повеќето цивили загинале а повеќе десетици се повредени во Хомс во експлозии на бомби подметнати во два автомобили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Нешто подоцна 96 лица се убиени, а речиси 200 повредени во низа напади, вклучувајќи и експлозии на автомобили-бомби во близина на шиитскиот храм Саид Заинаб јужно од Дамаск, јави БиБиСи повикувајќи се на сириските државни медиуми.

Eksplozija-bombe-u-Damasku-6

Одговорноста за нападот на шиитскиот храм ја презеде Исламска држава, која минатиот месец ја презеде одговорноста и за нападите во кои се убиени најмалку 70 лица во истиот храм.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери рекол дека е постигнат рамковен договор за примирје.

Eksplozija-bombe-u-Damasku-8

Светските сили се залагаат за крај на борбите во Сирија и постигнале договор за примирјето кој треба да стапи на сила во петокот но постојат раминувања околу неговото спроведување.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/EdEVwO81W1k[/embed]

Американскиот државен секретар изјавил дека разговарал со рускиот колега Сергеј Лавров и дека со него се договорил како да го спроведат примирјето.

-Постигнавме рамковен договор за условите за завршување на непријателските активности кој би можел да стапи на сила во наредните денови-изјавил Кери во Аман.

Eksplozija-bombe-u-Damasku-9

МНР на Русија соопшти дека Кери и Лавров синоќа уште два пати разговарале по телефон и дека се договориле околу додатните параметри поврзани со прекин на огнот во Сирија.

-Двете страни се договорија за додатни параметри за режим на прекин на огнот во Сирија. За резултатите на разговорите ќе бидат информирани претседателите на Русија Путин и САД Обама стои во соопштението на министерствата.

Eksplozija-bombe-u-Damasku-3

Тоа бил третиот телефонски разговор на двајцата дипломати во неделата и четврт во изминативе два дена.

Слично

Поврзани вести