(ВИДЕО+ФОТО) САРАЕВО: Приврзаници на ИСИС спремале голем напад во БИХ
Група од 15 лица кои се осомничени дека подготвувале терористички напади во БИХ, денеска беа уапсени во Сараево.
Полицијата и тајните служби кај нив откриле знамиња на Исламската држава и големо количество документи кои докажувале дека уапсените подготвувале голем терористички напад.
Полицајците пребарале две места на верски собири и повеќе станбени згради кои ги користеле приведените. При претресите се најдени доказни материјали кои укажуваат на поврзаност со структури на Исламска држава.
Освен со ИСИС, уапсените одржувале контакт со радикални групи и лица на боиштата во Сирија и Ирак.
Акцијата е спроведена на подрачјето на сараевската населба Рајловац каде пред два месеци во терористички напад беа убиени двајца припадници на вооружените сили на БиХ.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/-FjLotinjxU[/embed]
