(ВИДЕО-ФОТО) САКАЛЕ ДА ГО УБИЈАТ АСАД? Крвав напад над Латакија, преку 20 жртви, десетици повредени!
Најмалку 23 луѓе загинале и 65 се повредени во денешните напади над сирискиот град Латакија, кој е седиште на сириската влада, пренесуваат локалните медиуми.
Државната телевизија прецизира дека два минофрлачки напади убиле 22 луѓе и повредени 62 лица, но се уште не постојат точни информации за бројот на жртвите.
[embed width="700" height="450"]https://twitter.com/RT_com/status/664075773553344516?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Најверојатно, една граната паднала во близина на градскиот универзитет, а другата урнала автубуска станица. Според некои извештаи, еден од минофрлачите ја погодил метата во близина на едно средно училиште.
Меѓутоа, Латакија се наоѓа во областа на малцинската Алавита, која припаѓа на функционери од владата на Дамаск и до сега во текот на четири и пол години од граѓанските немири, воглавно била поштедена од напади.
Градот е познат како жариште на религиозната група која му припаѓа на Башар ал Асад.
[embed width="700" height="450"]https://youtu.be/XRv-zy568YQ[/embed]