Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) РЕКИ ОД НАФТА ТЕЧАТ ПО УЛИЦИТЕ: Бесни џихадисти во бегство запалија цел град!

(ВИДЕО-ФОТО) РЕКИ ОД НАФТА ТЕЧАТ ПО УЛИЦИТЕ: Бесни џихадисти во бегство запалија цел град!

Ирачките војници се шокирале кога го ослободиле стратешки важниот грда Кајара-цел град пливал во нафта.

Очајните џихадисти одлучиле да ја направат најголемата можна штета во Кајара, кога веќе мора да бегаат, а бидејќи околу тој ирачки град има многу нафтени бунари, ги издупчиле сите цевки, и реки од нафта потекле низ улиците.

kaijara-foto-reuters-1472718593-982311

Секако, терористите го потпалиле „црното злато“, па многу делови на градот уште горат и од густ дим не се гледа ни сонцето, а апокалиптичните сцени биле целосно видливи.

Сакаат да не загушат! Птиците се црни, сите животни се црни, луѓето се црни... Надвор има 49 степени, а ние буквално одиме во нафта“, се жали еден 25 годишен жител на Кајара.

kaijara-foto-reuters-1472718640-982317

„Ја молиме власта во Багдад да ни помогне да ги угаснеме сите пожари. Во спротивно, цел град ќе се претвори во пепел“, додава тој.

Некои жители велат дека дел од нафтата стигнал и до реката Тигар, што значи дека е можна и еколошка катастрофа.

kaijara-foto-reuters-1472718672-982321

Единствена добра вест е загубата на Кајара што е голем удар за Исламска држава. Во околината на тој град се наоѓаат дури 60 бунари од кои џихадистите црпеа нафта, ја препродаваа и го финансираа војувањето. Дури 50 цистерни дневно одеа од тоа подрачје кон Мосул.

kaijara-foto-reuters-1472718652-982319

Меѓутоа, сега џихадистите се враќаат во Мосук со празни раце, а наскоро ги очекува одлучувачка битка во Ирак. Властите во Багдад се уверени дека Мосул ќе падне до крајот на годината, додека нивните сојузници Американците се внимателни и велат дека тоа ќе потрае доста долго.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/_c8iP48vNGE[/embed]
Слично

Поврзани вести