Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Расчистувајќи ги урнатините од земјотресот, италијански пожарникари спасија куче

(ВИДЕО-ФОТО) Расчистувајќи ги урнатините од земјотресот, италијански пожарникари спасија куче

Уште еден херојски подвиг на италијанските пожарникари.

Веста за кучето кое поминало повеќе од 24 часа под урантините по неделниот силен земјотрес во Италија наголемо се споделува на социјалните мрежи и е топ во сите светски медиуми.


Имено, земјотрес со магнитуда од 6,6 степени го погоди градот Норсија во неделата наутро (по локално време), при што беа повредени околу 20 луѓе.

Спасувачите забележале кучешки крици во понеделникот попладне обидувајќи се да ги расчистати урнатините кои погодија голем дел од градот.


Кучето е во „добра состојба“, според италијанската организација за правата на животните во ЕНПА, без повреди во предните фрактури.


Спасувачите рекле дека кучето немало чип, но дека се надеваат оти неговиот сопственик брзо ќе го препознае.

Немало смртни случаи или критични повредени од земјотресот во неделата, а повеќето луѓе од областа ги напуштија своите домови откако се повторија потреси во регионот во текот на изминатите два месеци.

Слично

Поврзани вести