(ВИДЕО-ФОТО) QZ8501: Најден и трупот на авионот на „Ер Азија“
Сингапурскиот воен брод денеска го лоцираше патничкиот авион на компанијата „Ер Азија“ кој се урна во Јаванско море пред повеќе од две недели, соопштуваат од сингапурското министерство за одбрана.
Портпаролот на морнарицата на Индонезија Манахан Симорангкир рекол дека на снимките се гледа остаток долг 20 метри, широк седум метри и висок три метри, но дека не може да потврди дека станува збор за дел од авионот во кој се наоѓале патниците и екипажот.
Авионот изгуби контакт со контролата на летот во лошо невреме на 28 декември , помалку од час после полетувањето од Сурабаја, вториот град по големина во Индонезија, кон Сингапур.
Во авионот се наоѓаа 162 патници и членови на екипажот.
Слично

