Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Пукање на американски колеџ: Убиено едно лице, двајца повредени!

(ВИДЕО-ФОТО) Пукање на американски колеџ: Убиено едно лице, двајца повредени!

Две лица се повредени, а една личност која била во критична состојба починала кога дошло до пукање на Универзитетот Тенеси во Нешвил.

Pucnjava-na-americkom-univerzitetu-2

Агенцијата АП известува дека влезот на универзитетот е блокиран и дека нема назнаки дека напаѓачот и понатаму е активен во пукањето, кое почнало синоќа.

Pucnjava-na-americkom-univerzitetu-4

Тој инцидент се случил само недела дена, откако тројца лица се повредени на забава, во голем двор, во близина на колеџот, пренесе Ројтерс.

Телевизијата WZTV известува дека е можно во пукањето биле вклучени самите студенти.

Универзитетската полиција не можела да потврди дека пукањето се одиграло во кампусот. Одделението Метрополитен од нешвилската полиција уште не одговорило на поставеното прашање.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Tennessean/status/657432197054492673/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Сепак, тие на Твитер напишале дека едно лице е убиено и дека две лица се хоспитализирани.

До пукањето дошло, како што се наведува, после караница меѓу играчите на една социјална игра со коцки во дворот, пренесе Ројтерс.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AIDHEioe8F8[/embed]  
Слично

Поврзани вести