(ВИДЕО+ФОТО) Протестот во Подгорица угушен со полициска бруталност
Протестот во Подгорица, на кој учествуваа над 30 илјади луѓе од цела Црна Гора, вчеравечер ескалираше и дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите.
Полицијата со солзавец и шок бомби ги растеруваше демонстрантите кои протестираа против владата на Мило Ѓукановиќ.
Најмалку 40 лица беа повредени во разбивањето на антивладините демонстрации.
Според министерот за внатрешни работи на Црна Гора демонстрантите фрлале молотови коктели и камења на полицијата, и затоа морале да реагираат со “прекумерна употреба на хемиски средства“ за да нема судири.
Новинарот Марко Милачиќ од Црна Гора, тврди дека полицијата применила брутална репресија над граѓаните, а прскала со солзавец и по новинарите.
Беа приведени и неколку демонстранти, меѓу кои и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ.
Опозицијата во Црна Гора 20 дена протестира во Подгорица и бара оставка на владата на Мило Ѓукановиќ и распишување на предвремени парламентарни избори.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=IjetbobDUMQ[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=1mX4BeeRiqs[/embed]

