(ВИДЕО-ФОТО) Пожар избувна на руска нуклеарна подморница
Пожар избувна на руската нуклеарна подморница за време на поправки во пристаништето во Северодвинск.
Отворениот оган не се гледа, но над подморницата се издигал густ чад.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/_YXiKaU8VkU[/embed]Според анонимен извор на „ТАСС“ при избувнувањето на пожарот дел од екипажот бил во подморницата. Нема повредени, а нуклеарните реактори биле исклучени уште во почетокот на плановите за поправка пред неколку години.
Цитирајќи свој извор, „РИА Новости“ тврди дека пламените јазли зафатиле површина од 20 квадратни метри.
Според агенцијата „Интерфакс“ на подморницата „Антеј 949А“ немало оружје, ниту нуклеарно-гориво. Огнот избувнал за време на заварувањето од страна на работниците, од кои се оштетило дел од изолацијата.
Слично



