Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Последната фотографија пред смртта: Ова е војникот кој е убиен од џихадистот во Канада!

(ВИДЕО-ФОТО) Последната фотографија пред смртта: Ова е војникот кој е убиен од џихадистот во Канада!

Војникот Нејтан Кирил (24) кој е убиен вчера пред канадскиот споменик на паднатите жртви од војната во Отава, е фотографиран неколку минути пред фаталниот терористички напад.

Веста за неговата смрт најтешко ја поднела неговата мајка Кети, која во почетокот не сакала да верува во тоа, но поверувала во тоа кога ја слушнала веста на интернет и ја видела неговата фотографија.

Тој бил член на резервна единица на канадската војска која воглавно ја сочинуваат припадниците на пешадијата кои секој час се менуваат на стражата, а а судбината сакала токму во кобниот час кога Зехаф-Бибо тргнал во нападот токму Кирил да биде на должност.

Инаку, ова е втор напад над канадската војска оваа недела. Не е познато дали нападот кој се случил во понеделникот, кога дваесет и пет годишниот канаѓанец, кој преминал во ислам, прегазил двајца војници во близина на Монтреал и во таа прилика убил еден, по што полицијата го уапсила, е поврзан со вчерашниот напад.

Да потсетиме, Нејтан Кирил (24) од Хамилтон во Отава го уби Мајкл Зехаф-Бибо на почетокот на својот терористички поход кој го шокираше Канада.  Војникот немал никакви шанси да се одбрани, бидејќи како што пишувавме претходно пушките кои ги носи почесната стража не се наполнети.

Канада овој месец, истакна дека се приклчува кон борбата пртив џихадистите на Исламската држава кои завземаа делови од Сирија и Ирак.

-Нема да не исплашат овие напади. Канада никогаш нема да биде уплашена. Всушност тоа ќе ја зајакне нашата волја и одлучност да ги зголемиме националните безбедносни агенции и да ги превземеме сите потребни чекори за да ги идентификуваме и сузбиеме заканите а да ја задржиме безбедноста - изјавил премиерот на Канада  Стефан Карпер.

 
Слично

Поврзани вести