Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ПЕТОРИЦА МРТВИ ВО ФЛОРИДА: Напаѓачот идентификуван - родум од Њу Џерси!

(ВИДЕО-ФОТО) ПЕТОРИЦА МРТВИ ВО ФЛОРИДА: Напаѓачот идентификуван - родум од Њу Џерси!

Вооружен напаѓач отвори оган на аеродромот во Форт Лаудердале во терминалот 2 на одделот за багаж, , при што загинаа пет лица, а се повредени осум, јавија американските медиуми.

Напаѓачот е приведен и ранет при обидот повторно да го наполни пиштолот.

Напаѓачот е идентификуван како Естебан Сантијаго-Руиз, 26 години, и е роден во Њу Џерси, велат полициски извори во изјави за CBS News, кои додаваат дека со него имал воена легитимација.


Надлежните велат дека не го знаат мотивот за нападот, и не е јасно дали напаѓачот е војник на Исламска држава.

Пиштолот со кој нападнал го извадил од проверен багаж.


Сенаторот Нелсон рекол дека тоа можел да го направи само ментално пореметена личност или некој кој имал злобни мотиви за кои треба да се грижат секој ден, а тоа е тероризам. Нелсон рекол дека тие не може да го заклучат тоа засега.

Речиси еден час по изјавата од канцеларијата на шерифот дека осомничениот е во притвор, луѓето почнале да трчаат по пистата. Шерифот Скот Израел, изјавил за новинарите дека нема потврда за било какви дополнителни пукања.

„Во овој момент, изгледа дека тој дејствувал сам“, изјави Израел.


Аеродромот во моментов е целосно затворен.

Слично

Поврзани вести