Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Пет самоубијци направија масакр: Кој ја презеде одговорноста за нападот на хотелот во Кабул?

(ВИДЕО-ФОТО) Пет самоубијци направија масакр: Кој ја презеде одговорноста за нападот на хотелот во Кабул?

Талибанците денеска ја преземаа одговорноста за нападот врз хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул соопштувајќи дека пет нивни вооружени напаѓачи во самоубиствени елеци земале на нишан странци и авганистански претставници.


Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид рекол дека бунтовниците повторно планирале да го нападнат хотелот во четвртокот вечерта, но нападот го одложиле бидејќи во тоа време таму се одржувала свадба, а тие сакале да избегнат цивилни жртви.


Портпаролот на авганистанското МВР Наџиб Ваниш рекол дека денес опсадата на хотелот, која почнала вчера после повеќе од 12 часа е завршена при што безбедносните сили ги убиле сите напаѓачи.


Последниот напаѓач, според негови зборови, е убиен денес попладне по локално време. Тој рекол дека во нападот се убиени шест лица, меѓу кои се еден неименуван странец и еден претставник од областа на телекомуникациите од западната провинција Фарах, кој присуствувал на конференција во хотелот.


Уште шест лица, меѓу кои се тројца припадници на безбедносните сили, се повредени во напад на овој луксузен хотел под силно обезбедување, кој е популарен меѓу странците и авганистански претставници.


Слично

Поврзани вести