(ВИДЕО-ФОТО) ПАНИКА ВО БРИСЕЛ: Евакуирано Градското собрание, градот преплавен од специјалци!
Во Брисел ниту денес нема мир.
Трет ден белгискиот главен град Брисел е блокиран од специјалците, војниците и полицијата поради закана од напади. Училиштата и метрото се затворени. Повеќе од 1.000 полицајци се мобилизирани во земјата.
Министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Јамбол изјавил дека „истрагата ќе продолжи се додека не го решиме овој проблем“.
Тој истакнал за белгиската телевизија „RTL“ дека меѓународно најбараниот Салах Абдеслам кој се претпоставува дека е вмешан во терористичките напади во Париз, „мора да има многу поддршка на нашата територија. Сите овие пребарувања, кои се одржуваат во моментов, се важни“.
Според него премногу е рано да се каже дали е намалена опасноста од тероризам во Брисел по оперативните активности во неделата. „Операцијата сеуште не е завршена. Значи ќе продолжи во наредните часови и денови“, потврдил Јамбол.
Според министерот ситуацијата е „многу деликатна“ и дека „секој детал може да води кон сто различни патишта“.
Дополнителни безбедносни мерки се преземени посебно околу институциите на ЕУ, каде се планирани министерски состаноци.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SofiaBettiza/status/668725778725646336?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]А евакуирано е и Градското собрание.
Властите објавија дека вчера се извршени 22 оперативни активности во Брисел и Шарлероа. Приведени се 16 лица, но сеуште Абдеслам е во бегство.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/szuwloYhBN4[/embed]




