Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Палатата на Нерон отворена за јавност, ама само во викенди

(ВИДЕО+ФОТО) Палатата на Нерон отворена за јавност, ама само во викенди
Италијанските власти ја отворија за јавност Домус Ауреа, „златната резиденција“ на Нерон, која е затворена од 2005 година заради реставрација. Но, палатата ќе биде отворена само во текот на викендите, бидејќи реставрацијата продолжува. „Потрошивме 12 милиони евра само во последните четири години на реставрација и одлучивме да ја отвориме Домус Ауреа, но само како градилиште“, вели Марија Росариа Барбера, претставничка на Одделот за археолошки добра на Рим. Од денеска локалитетот е отворен за посети на групи од најмногу 25 лица со водичи археолози и историчари на уметноста. Во следните четири години на градот Рим и италијанското Министерство за култура ќе им бидат потребни уште 31 милион евра за целосна реставарција и почеток на нормална работа на овој локалитет. Како љубител и промотор на културата, уметноста и архитектурата, Нерон целосно го преобрази централниот дел на некогашен Рим со фараонскиот проект на палатата Домус Ауреа, исклучително сложена структура на ридот Палатин. http://www.youtube.com/watch?v=SB1zGGW_6W4
Слично

Поврзани вести