(ВИДЕО-ФОТО) Ова е тајното оружје со кое Русите можат да уништат се во Сирија!
Се појавија наводи дека руските сили користат смртоносен бел фосфор во своите воздушни напади во Сирија, пишува денес британскиот таблоид „Мирор“.
На твитер се појавија фотографии на кои наводно се прикажува како ова спорно запливо оружје, кое може да убие со труење или запалување, се користи во вид на „огнен дожд“ над Рака, жариштето на Исламска држава, каде живее и бројно цивилно население.
Фотографијата ја ставила корисничка на таа социјална мрежа под профил Moonor27, на чиј профил пишува дека е муслиманка од Ирак чие име е Сара и дека им помага на невините жртви.
Под фотографијата напишала: „Во име на заштита на ѓаволот (сирискиот претседател Башар) Асад, воени руски воздушни удари со користење на фосфорни бомби на Рака“.
Веродостојноста на фотографијата засега не е потврдена , наведува „Мирор“.
Женевската конвенција го дефинира „запаливото оружје“ како „пред се дизајнирано да запали објекти или да предизвика изгореници кај лице после огнено или топлотно дејство или комбинација од дејства, произведени со хемиска реакција на супстанција која се фрла на метата“.
Меѓународното право ја забранува употребата на белиот фосфор во зоните со „концентрација на цивили“, наведува британскиот медиум.
Во медицинска смисла , белиот фосфор може да допре до меко ткиво во човечкото тело кога се вдиша ли проголта, додека длабоко апсорбирање на таа хемикалија може да предизвика оштетување на срцето, црниот дроб и бубрезите, а во некои случаи и смрт.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4NAdySAPEPU[/embed]
