(ВИДЕО-ФОТО) ОВА Е НОВА ЏУНГЛА: Над илјада луѓе во Франција живеат во шатори
Бројот на мигрантите собрани на францускиот северен брег, во близина на градот Кале, во последните недели е под прилив на имигрантите кои преку границите на Европа се зголеми на 6000 луѓе.
Многумина од мигрантите сфатиле дека ќе биде многу тешко да патуваат до Велика Британија и одлучиле да пробаат да останат на оваа област што е можно повеќе или тука да се населат, изјавила Фабијен Букио од регионалната влада.
„Незнам што ќе биде понатаму, но 6000 луѓе е најмногу што можеме да примиме“, изјавила Фабијен и ги предупредила имигрантите да се држат подалеку од францускиот град Кале, чии автопати и пруги се опкружени со ограда и бодликава жица.
„Имигрантите и крумчарите на луѓе треба да сфатат дека Кале е слепа улица“, додала Фабијен.
Над илјада имигранти кои бегаат од војната и сиромаштијата во Африка и на Блискиот исток, живеат во таканаречена џунгла од кампови во Кале и често се обидуваат да преминат во Велика Британија, качувајки се во камиони, криејки се по возови, и пешки низ тунел.
Бројот на луѓето во „џунглата“ летоска се зголемил на околу 3000 луѓе, но во последната недела нагло пораснал.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/isExF1C3fcg[/embed]
