(ВИДЕО-ФОТО) Одржан „Марш на мирот“ во Украина
Во организација на опозициските партии одржан е марш на кој учесниците барале Русија да не се меша во внатрешните работи на Украина и да не предизвикува војна во таа земја.
Колоната во кој, според проценките на полицијата, имало околу 5000 луѓе, тргнала од Плоштадот на Пушкин, а собирот е завршен во Авенија Шарова во центарот на Москва. Организаторите на маршот соопштија дека во колоната имало околу 20.000 луѓе.
Како што пренесуваат московските медиуми, колната на повеќе места ја пресретнале поголеми групи на луѓе кои ја поддржуваат независноста на Донбас. Имало вербални судири, но полицијата ги спречувала поголемите инциденти.
Учесниците на „Маршот на мир“ носеа знамиња на Украина, Русија, Азербејџан и Белорусија, како и земји на разни националистички и анархистички организации, а имало обележја и на ЛГБТ заедницата. Од коланата се слушале извикувања? „Не на војната“.

