Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Од неа се смрзнува крв во вени: Џиновска ајкула фатена во Австралија!

(ВИДЕО-ФОТО) Од неа се смрзнува крв во вени: Џиновска ајкула фатена во Австралија!

Фотографии од телото на тигреста ајкула се појавија на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека е уловена во текот на викендот на северот од Нов Јужен Велс.

Извесен Џеф Брукс објавил две фотографии на ајкулата долга шест метри на Твитер и напишал дека е уловена на плажа во близина на Ленокс Хед.

dzinovska ajkula

„Како што сум запознаен, некој барал ајкулата да се улови, бидејќи била одговорна за напад во близина на плажата“, напишал тој.

Во медиумите се појавил и еден рибар по име Метју, кој тврди дека тој лично ја извлекол огромната ајкула од водата и дури си „земал дел од нејзината вилица како сувенир“.

Метју, кој официјално не е идентификуван, тврди дека ајкулата ја извлекол од вода пред три недели.

„Во моментов кога го загризала мамецот, се борела со друга ајкула со која најверојатно се хранела“, рекол Метју за австралискиот весник „Northern Star“.

Тој тврди дека кај брегот Твид гледал и многу поголеми ајкули и дека уловеното чудовиште е „мало дете“ за нив.

Слично

Поврзани вести