Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ОБАМА ВО СОЛЗИ: Најави нови мерки за контрола над оружјето во САД

(ВИДЕО-ФОТО) ОБАМА ВО СОЛЗИ: Најави нови мерки за контрола над оружјето во САД

Американските власти ја затегнуваат контролата над оружјето. Нивната продажба, било да е тоа во продавница или на интернет, веќе ќе е дозволено само во присуство на посебна дозвола и по задолжителна проверка на информациите за купувачот.

Ова го изјави во Белата куќа, претседателот Барак Обама, цитиран од агенциите, објавувајќи нови мерки за контрола над оружјето. Тој појаснил дека ја донел оваа одлука, за да се намали бројот на честите масовни убиства во земјата.

обама 1

Според официјалните податоци за последните десет години од огнено оружје во САД загинале над 100 000 луѓе, но републиканското мнозинство во Конгресот, се наоѓа под притисок на влијателното „оружје лоби“, одби да го прифати сеопфатното законодавство за ограничување на трговијата со пушки и пиштоли, забележуваат агенциите.

Поради тоа поголемиот дел од мерките на Обама ќе бидат реализирани преку претседателските декрети. Републиканците веднаш ја пречекаа иницијативата на претседателот на нож и го обвинија дека се обидува да го заобиколи Конгресот за решавањето на овој важен внатрешно-политички проблем.

обама

„Оруженото лоби може и да држи и заложник во Конгресот, но тие не можат да ја држат и Америка како заложник“, изјавил тој. „Не е потребно да се согласувате со овој масакр“, посочил уште Обама.

Мерките се насочени против продавачите кои избегнувале да се регистрираат како трговци со оружје, иако често го прават за да не се оданочуваат, вклучувајќи и онлајн продажба на оружје, забележуваат агенциите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4VgCYFuzvP8[/embed]
Слично

Поврзани вести