(ВИДЕО-ФОТО) НОВ НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Сириски азилант се разнесе со бомба пред ресторан!
Најмалку едно лице е убиено, а минимум единаесет се повредени во експлозија која се случила во ресторан во градот Ансбах, на југот од Германија. Полицијата верува дека причина за експлозијата е експлозивна направа, како и дека напаѓачот загинал.
Нападот се случил во центарот на овој град, во близина на местото на кое се одржувал музички фестивал во текот на викендот. Тој е откажан, а на настанот во моментот на експлозијата имало околу 2500 лица.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AbpUJK63nCU[/embed]Полицијата го блокирала цел град и во тек е истрага. Според информациите кои кружат низ медиумите, на напаѓачот му бил забранет влез на фестивалот, па недолго после тоа се слушнала силна детонација.
Напаѓачот е 27-годишен маж од Сирија кој имал историја на ментална болест, и неколку пати бил хоспитализиран во локалната болница, наведуваат официјални лица. Не е депортиран поради граѓанската војна во Сирија. Живеел две години во Германија, а барањето за азил му е одбиено лани.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/dlang57500/status/757451880012341248?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Засега само три лица се во критична состојба.
Ова е трет последователен напад во Германија. Во петокот Гераманец со иранско потекло уби девет, претежно малди лица со пиштол и си пресуди себе си. Вчера пак, исто така сириски барател на азил со мачета уби жена а уште две лица повреди.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/_darkhours/status/757338248561721344?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] Сириецот, според наводите на полицијата „имал кратка расправа со жената“ и ја убил со мачета, а повредил уште една жена и маж, додека мотивите на нападот уште не се познати. Мажот жртвите ги нападнал во близина на продавница каде се продаваат ќебапи. Извадил мачета и почнал да мава кон луѓето.
