Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) НОНШАЛАНТНИОТ ТРАМП: Баш му е гајле што не умее ни чадорот да го склопи

(ВИДЕО-ФОТО) НОНШАЛАНТНИОТ ТРАМП: Баш му е гајле што не умее ни чадорот да го склопи

Американскиот претседател Доналд Трамп е за подбив што не умее да го собере чадорот за дожд, пред да влезе во авионот на базата Ендрју во Мериленд во саботата попладне.

Трамп ноншалантно го остави чадорот на страна додека камерите снимаа како се преметнува наваму-натаму под силата на ветрот. 


Безгрижно го остави чадорот на влезот од авионот без да го собере или да почека некој друг да го собере, пред да влезе во авионот на пат за Индијанаполис, Индијана и Илиноис. Друг член од неговиот тим кој се качи по скалите зад него, само го шутна големиот чадор пред да влезе во авионот.


фото: Дејли меил

Слично

Поврзани вести