Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) НАПАЃАЧОТ ОД ФЛОРИДА АМЕРИКАНСКИ ВЕТЕРАН: Естебан Сантјаго војувал во Ирак, оттаму се вратил како друга личност!

(ВИДЕО-ФОТО) НАПАЃАЧОТ ОД ФЛОРИДА АМЕРИКАНСКИ ВЕТЕРАН: Естебан Сантјаго војувал во Ирак, оттаму се вратил како друга личност!

Напаѓачот кој вчера отвори оган на аеродромот Форт Лаудердејл на Флорида усмртувајќи пет луѓе, е американски воен ветеран кој служел во Ирак и е идентификуван како Естебан Сантјаго (26 години). Најпрво светските медиуми пренесоа дека е војник на Исламска држава, по што беа демантирани овие информации.

Полицијата го уапсила. Сантјаго е роден во Њу Џерси, а служел во националните гарди Порторико и Алјаска. Во 2010 и 2011 година бил распореден во Ирак и примил повеќе воени признанија пред да биде префрлен во неактивните резервни сили, објави Пентагон, не изнесувајќи други детали.


MSNBC телевизијата објави дека неговата тетка рекла дека Сантјаго од Ирак се вратил „како друга личност“. ФБИ објави дека засега како мотив на нападот не се исклучува тероризам. Сантјаго, почнал одеднаш да пука на луѓето кои го чекале својот багаж.

Убил пет, а повредил осум луѓе, додека уште триесеттина други се пренесени во локални болници поради лесни повреди како скршеници и гребнатини настанати во хаосот и паниката во текот на нападот.

„Се работи за бесмислен чин на зло“, рекол гувернерот на Флорида Рик Скот.


Како што пренесоа медиумите, Сантјаго во ноември лани дошол во канцеларијата на ФБИ во Енкориџ  на Алјаска и чудно се однесувал па го предале на полицијата која го префрлила во ментална институција на набљудување. Претставник на ФРБ рекол за Ројтерс дека Сантјаго им рекол на агентите на Алјаска дека неговиот ум го контролира американската разузнавачка агенција која го тера да гледа видео снимки од Исламска држава.

Комесарот од округот Бровард Чип Ла Марко навел на својот профил на Фејсбук дека напаѓачот стигнал на летот од Канада со пиштол во багажот.


„Ја преземал својата торба и извлекол пиштол од багажот при што заминал во тоалет да го наполни“, наведува Ла Марко додавајќи дека напаѓачот излегол од тоалет и почнал да пука на патниците кои го земале багажот.

Шефот на округот Баунти Скот Израел рекол за новинарите на аеродромот, каде авионскиот сообраќај е запрен, дека напаѓачот не е повреден бидејќи полицијата не испукала ниту еден куршум. Тој додал дека е прерано да се одредува мотивот.


Слично

Поврзани вести