Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО + ФОТО)Најмалку 15 загинати во авион што се урна во река во Тајван

(ВИДЕО + ФОТО)Најмалку 15 загинати во авион што се урна во река во Тајван
Најмалку 15 загинаа кога патнички авион се урна во реката Келунг, во близина на главниот град на Тајван, Тајпеј. 16 патници се спасени, а по триесетмина патници, од вкупно 58 патници кои биле во авионот, се уште се трага, јавуваат локалните медиуми. transazia2Патничкиот авион на компанијата „Трансазија“, откако ја изгубил контролата, паѓајќи со крилото прво удира во мостот, во момент кога под него минува такси возило, и потоа паѓа во реката Келунг. Дел од трупот на авионот е над површината на реката и според медиумите кои информираат од местото на несреќата поголем дел од патниците се заробени во леталото, а спасувачките екипи се уште се обидуваат да извлечат некој од заробените. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=2DjgonDgOtU[/embed] Авионот паднал само што полетал на локален лет со 58 патници, од кои се претпоставува дека тројца се екипаж, и потоа ја изгубил комуникацијата со контролата на летање. Патниците се главно кинески туристи кои се враќале од посетата на Тајван. Непосредно по несреќата на социјалните мрежи се појавија повеќе снимки од авионот како паќа во реката, снимени од возила кои минувале преку мостот.
Слично

Поврзани вести