Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Мртви тела на сите страни во хотелот: Исповед на луѓето кои го преживеаја нападот во Мали!

(ВИДЕО-ФОТО) Мртви тела на сите страни во хотелот: Исповед на луѓето кои го преживеаја нападот во Мали!
Во текот на денешниот терористички напад во главниот град на Мали, вооружени џихадисти држеле како заложници 170 лица. Одреден број се пуштени, околу 80 од нив, после што е речено дека сите оние кои ќе знаат да рецитираат делови од Куранот, ќе бидат ослободени. Еден број луѓе кои успеале да излезат, раскажале како хорор бил во хотелот. Teroristicki-napad-u-Maliju-6 -Не евакуираа службите за безбедност, имаше многу луѓе внатре. Видов мртви тела во лобито на хотелот. Ужасно беше-рекол очевидец. Рекол дека не знае колку напаѓачи биле и дека се криел во својата соба. Teroristicki-napad-u-Maliju-21 -Таму бев неколку минути кога безбедносните служби ја разбија вратата на мојата соба, и тогаш излегов - раскажува сведок на масакрот. Друг очевидец, познат пеач од Гвинеја кој бил меѓу заложниците, слушнал дека напаѓачите зборуваат на англиски јазик. -Еден од нив го прашал другиот: „Дали си наполнил“, веројатно мислел на оружје-рекол пеачот Секуба Бамбино Дијабате. Teroristicki-napad-u-Maliju-31 Да потсетиме, во утринските часови двајца џихадисти влегле во луксузниот хотел „Радисон Блу“ и земале заложници околу 170 лица во престолнината Бамако. И понатаму е во тек заложничка криза. Според неофицијални информации, убиени се 9 лица, а според официјлани тројца. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/67ybHAarXrU[/embed]  
Слично

Поврзани вести