Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Милион луѓе евакуирани: Хаoс во Кина, разорен тајфун му се заканува на Шангај!

(ВИДЕО-ФОТО) Милион луѓе евакуирани: Хаoс во Кина, разорен тајфун му се заканува на Шангај!

Поради опасност од тајфунот Чан-Хом, во источното кинеско предградие се евакуирани повеќе од 865.000 илјади луѓе.

sangaj 1

Повеќе од 865.000 луѓе се евакуирани денеска во источната кинеска покраина Зеџијанг, во очекување на тајфунот Чан-Хом кој може да направи лизгање на земјиштето во околината на Шангај.

sangaj 2

Тајфунот носи ветрови со брзина од 173 километри на час и може да е најголемиот кој ја погодил Кина од 1949 година. Тајфунот ќе донесе јаки врнежи во Шангај, во источната покраина Анхуим Фуџијан и Џианцу, пренесуваат светските медиуми.

sangaj 3

Олујата предходно оваа недела ги погоди и Филипините, каде загинаа пет луѓе, а веќе почнала да се чуствува и во Шангај и донела големи наноси на дожд.

sangaj

Властите во Зеџијанг ги повикале сите 29 000 рибарски бродови да се вратат на пристаништата и објавиле дека се приближуваат бранови со висина од 10 метри.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/r7wVyvw-OCA[/embed]

Слично

Поврзани вести