Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Масовна евакуација на населението: Во Кина и понатаму беснеат експлозии 

(ВИДЕО-ФОТО) Масовна евакуација на населението: Во Кина и понатаму беснеат експлозии 

Кинеските власти ги евакуираат луѓето кои живеат во област со радиус 2 км од магацините во градот Тианџин каде по силните експлозии кои траат веќе трето деноноќие беснеат пожари, информираа светски медиуми.

CHINA-TIANJIN-EXPLOSION-TEMPORARY SHELTER (CN)

Во склад на логистичката компанија „Жуихаи“ пред три дена избувна експлозија, проследена со силен оган.

Според очевидците ударниот бран од експлозиите ги скршил прозорците на куќите лоцирани во радиус од 2 километри и се оштетени над 1.000 возила.

Тианџин 1

Денес реонот беше потресен од седум или осум нови експлозии, кои предизвикаа и големи пожари, а на оние што живеат во радиус од 3 километри им било наредено да се евакуираат. Им се препорачува да се упатат кон училиштата, и да носат долги панталони и маски. На пунктови кон местото на експлозиите се распоредени полицајци и војници, а над него кружат хеликоптери.

Тианџин 5

Кинеската полиција за првпат потврди дека во реонот на моќните експлозии во градот Тианџин има токсичен натриум цијанид. Супстанцата е смртоносна при евентуално голтање или вдишување, а при контакт со вода - лесно е запалива. Полицијата го потврди присуството на хемикалии северно од местото на експлозијата во индустриската зона на градот. Спроведена е деконтаминација на зоната преку редукција на хемиски супстанции.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zaHcL8jjH9I[/embed]

Според кинеските медиуми властите се поврзале со шефот на хемиско претпријатие. Тој тврди дека и доставил на логистичката компанија „Жуихаи“, чија сопственост избувна во еден магацин, со 700 тони натриум цијанид. Информацијата не е официјално потврдена.

Во регионот денес е спасен уште еден преживеан, информира „ТАСС“. 40-годишниот маж е пронајден на 50 метри од центарот на експлозијата.

Тианџин 2

Во реонот се расфрлени хемикалии, од кои многу можат да бидат опасни, особено ако падне дожд, соопшти денеска Централната кинеска телевизија. Сепак, властите се уште не направиле целосна листа на хемиските супстанци во зоната. Рано утринава воени хиликоптери првпат стигнаа до куќите лоцирани блиску до складовите за да бараат преживеани.

Тианџин 3

Нивото на загаденост на воздухот во моментов не е опасно, посочил пензиониран службеник на градската служба за заштита на животната средина, цитиран од „Ројтерс“.

Бројот на жртвите во несреќата достигна 85, исчезнати остануваат 13 пожарникари и неодреден број пристанишни работници, а повредените се над 700, од ​​кои речиси 30 се во тешка состојба. Над 1.000 спасувачи работат бавно во несигурната ситуација, додаваат властите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/jFG5sYX06aY[/embed]
Слично

Поврзани вести