(ВИДЕО-ФОТО) Марин Ле Пен ќе ги тужи голите агресорки
Лидерот на француската партија „Национален фронт“ Марин Ле Пен има намера да ги тужи активистичките на движењето „Фемен“, кои го прекинале нејзиниот говор за време на традиционалниот првомајски митинг, за „намерни насилни дејствија“ и „обид за попречување и остварување на правото за манифестација“.
Пред митингот активистите на движењето се обиделе да ја спречат Марин Ле Пен да положи цвеќе на споменикот на Јованка Орлеанка. Но, оваа година процесијата на партија „Национален фронт“ беше под силно обезбедување и на активностите на разголени активисти реагираа брзо.
„Блиц“ соопшти неколку минути по почетокот на говорот на претседателот на „Национален фронт“ на балконот сместен во близина на зграда дека се појавија три полуголи жени кои вееле неонацистички знамиња и ги поздравија присутните со „Хајле Ле Пен“.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VbF5aBd5zKE[/embed]

