(ВИДЕО-ФОТО) ЛИКВИДИРАН НАЈБРУТАЛНИОТ УБИЕЦ НА ИСИС: Џихади Џон усмртен со дрон?
Американски дрон го гаѓал возилото во Сирија за кое се верува дека го превезувал маскираниот милитант на Исламска држава познат како Џихади Џон, соопштија американски претставници.
Не е познато дали при таа прилика е убиен Британецот кој се појавува во неколку видео пораки, како ги сече главите на западните заложници. Сепак, американски воени претставници велат дека се речиси сигурни дека го убиле британскиот милтант.
Еден висок американски претставник, меѓутоа во изјава за Фокус њуз рекол: „Сигурни сме 99 одсто дека го средивме. Го следиме веќе некое време“. Друг извор рекол дека џихадистот е разнесен со „беспрекорен и прецизен удар“.
Дека Мухамед Емвази бил мета на воздушен напад во Рака, потврдуваат и во соопштение од Пентагон додавајќи дека допрва ќе се потврдува.
Поранешен заложник го опишал Емвази, кој е во средината на 20-тите години, како крвожеден психопат кој уживал да им се заканува на западните заложници.
Шпанскиот новинар Хавиер Еспиноза, кој бил во заробеништво на џихадистот повеќе од шест месеци, после киднапирањето во Сирија во 2013, рекол дека Емвази точно објаснува како милитантите ги прават убиствата.
Меѓу оние на кои им е отсечена главата во прикажани видео снимки на интернет се и американските новинари Стивен Сотлоф и Џејмс Фоли, американскиот хуманитарец Абдул Рахман Касиг, како и британскиот Девјид Хејнс и Алан Хенинг и новинарот Кенји Гото.
Видеото обично почнува така што се дере висок маскиран човек облечен во црно, додека заложниците клечат пред него, а завршува така што држи преголем нож во раце, додека обезглавената жртва лежи пред него во песок.
Емвази во февруари е идентификуван како Џихади Џон, иако адвокатот на неговиот татко тврди за новинарите дека нема докази за тоа. Експерти подоцна ја потврдија идентификацијата.
Емвази e роден во Кувајт и поминал дел од детството во сиромашното подрачје Таим и Џахри, пред да се пресели во Британија, додека бил уште момче.
Посетувал државно училиште во Лондон и студирал информатика на Универзитетот Вестминстер, пред да отиде во Сирија во 2013 г.
Управничката на лондонската Квинтин Кинастоун академија рекла претходно за Би-Би-Си дека бил мирен, разумен и вреден.
Британската разузнавачка служба навела дека со години го имала Емвази на списокот потенцијано осомничени за тероризам, но дека не можела да го спречи неговото заминување во Сирија.
На разузнавачите им е познат од 2009 година кога е поврзан со тероризам во Сомалија.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/HfFkt0vl3ng[/embed]

