(ВИДЕО-ФОТО) КИНЕЗИТЕ ИЗГРАДИЈА ЧУДЕСЕН ХОТЕЛ: 16 ката под земја, 2 под вода-цената за ноќевање „ситница“
Луксузниот хотел кој ќе биде отворен во вторникот во Шангај им нуди на гостите со длабок џеб шанса за многу „длабок сон“.

Хотелот „Intercontinental Shanghai Wonderland Hotel“ е изграден во длабока јама на некогашен рудник, така што 16 однеговите катови се под нивото на земјата, а два се под вода.

Реализацијата на проектот почнала во 2006 година но неговото завршување е одложувано повеќе пати, најмногу поради технички барања, како што се строгите прописи во врска со заштита од земјотрес и одржување на нивото на водата.
Претставникот на УНЕСКО Мајкл Крофт го оценил овој хотел со 336 соби како модел со одржлив развој.

-Можевме да направиме рудник но, не. Го претворивме во драгоценост-рекол Су Шитан, потпретседател на градежната група Шимао од Хонг Конг која го изградила хотел.
Хотелот се наоѓа во близина на Хонгчијао а цените на ноќевање се движат од 530 до 860 долари.
