Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) КИНА ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ: Автобус кој вози над автомобил го направи за помалку од месец

(ВИДЕО-ФОТО) КИНА ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ: Автобус кој вози над автомобил го направи за помалку од месец

Кина има прилично добри вести за славење бидејќи неодамна се пуштени во работа стаклениот мост со застрашувачко шеталиште и футуристички автобус, кој вози над останатите учесници во сообраќајот.

GettyImages-585116776

Неодамна е отворена можеби и најстрашната патека на карпа во светот на планината Тјенамен.

Стаклениот мост се наоѓа на висина од 300 метри под кој се наоѓа провалија. Исто така, пред одредено време е отворен и стаклениот мост кој ги спојува планините и се наоѓа во провинцијата Хунан, а може да издржи 800 луѓе истовремено.

Високиот транзитен автобус (TEB ) во вторникот ја имаше премиерата на патиштата на кинескиот град Чинхуангдао.

Tan2016-8-3_72324425_1

Откако ја заголицкаа фантазијата на светот во мај, вложувачите во „TEB“ ги изненадија сите изградувајќи огромно возило за помалку од месец дена.

„TEB“ вози на струја и соларна енергија која ја собира со помош на плочите на кровот. Целото возило е дизјанирано така што до крајот може да се искористи просторот на патот. „TEB“ е долг 22 метри, а широк осум што значи дека може да скрати неколку сообраќајни ленти.

Tan2016-8-3_73040762_1

Еден автобус може да превезе 300 патници, меѓутоа постојат планови да се користи како подземна железница каде неколку автобуси би сочинувале еден превоз.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/xzpU4RjjJ8k[/embed]

Слично

Поврзани вести