(ВИДЕО-ФОТО) Катастрофа во Пакистан и Авганистан: Земјотресот однесе над 310 жртви!
Локални претставници соопштија денес дека спасувачките екипи настојуваат да дојдат до зафрлените области во Пакистан и Авганистан кои се погодени од земјотресот, а дека билансот на вчерашната катастрофа пораснал на 311 жртви.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/8DyaIFY8uLo[/embed]
Според официјални податоци, 237 лица загинале во Пакистан, а 74 во Авганистан, во земјотресот со јачина од 7,5 степени по Рихтер кој го погоди североисточниот дел на Авганистан и силно се почуствувал и во Пакистан, Индија и Таџикистан.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fDDR0LZSXVs[/embed]
Во Пакистан се повредени повеќе од 180 лица, а во Авганистан 266, според податоците објавени денес.
Војската денес користи хеликоптери да ги допреми потребнитте работи на погодените во земјотресот, а воени инжиниери настојуваат повторно да воспостават комуникациски врски прекинати поради лизгалишта предизвикани од земјотресот. Покрај тоа, од земјотресот се оштетени и повеќе од илјада куќи.
Погледнете ја галеријата:
Слично
