(ВИДЕО-ФОТО) КАМЕРАТА ГО ФАТИ КРВНИКОТ: Еве како Абеди одел да го изврши крвавиот чин во Манчестер
Британската полиција објави две фотографии од терористот Салман Абеди направени од безбедносни камери во ноќта на нападот во Манчестер.
Полицијата ги повикува сите кои можат да дадат корисни информации каде бил Абеди и што правел во деновите пред нападот, да се поврзат со властите, пренесоа светските агенции. Не е јасно од каде се сликите.
Police release CCTV of Manchester bomber Salman Abedi on his way to carry out attack https://t.co/WZBqQr2oXB pic.twitter.com/bFuhuPGXMi
— TheJournal.ie (@thejournal_ie) May 28, 2017

„Истрагата напредува добро. Знаеме дека едно од местата каде Абеди отишол, е станот во центарот, од кој стигнал до „Манчестер арена“, изјавиле во соопштението на началникот на Манчестерската полиција Иан Хопкинс и националниот координатор на полицијата за борба против тероризмот Нил Басу.
Хопкинс и Басу велат дека собрале многу информации за 22-годишниот Британец од либиско потекло, вклучувајќи и такви за изработка на бомбата, соучесници, финансии и места на кои бил. Сепак на полицијата и требаа сите информации што правел по 18 мај, кога се вратил во Велика Британија. Пред тоа тој бил во Либија и направил краток престој во Дизелдорф. На случајот работат околу 1.000 луѓе.
На истражувачите им е требале два часа да го сколопат идентитетот на бомбашот. Од почетокот на истрагата властите уапсиле 13 лица и претресуваат 14 адреси, се вели во соопштението. ФБИ соопшти дека Абеди припаѓа на северноафриканска терористичка група, која бара политичка цел во земјата, тврди извор на изданието од тајни служби. ФБИ го следело Абеди уште од средината на 2016 година .Тогаш службите претпоставувале дека тој планира убиство на политичар, но оваа верзија не била потврдена и истрагата бил запрена.
Претходно имаше информации дека Абеди бил во видното поле на МИ-5, но подоцна е исклучен од листата на последиците.
