(ГАЛЕРИЈА) Како настануваат човечките спампеда во Саудиска Арабија?
Еден ден по катастрофалната несреќа во Саудиска Арабија, во која загинаа над 717 луѓе за време на аџилакот во Мека, остана едно прашање неодговорено: Што го предизвика човечкото стампедо?
Постојат неколку причини: верцниcите брзаат да го завршат ритуалот, високите температури, масите на луѓе кои се туркаат меѓусебно во спротивни насоки, дури и забуната кај посетителите кои прв пат доаѓаат на аџилак во Мека.
1. Премногу гужва, малку место
Два милиони верници кои присуствуваа на овогодинешниот аџилак, треба во 5 дена да извршат разни молитви и ритуали, вклучувајќи го и симболичното ,,каменување на ѓаволот".
Тоа е мртоносниот ритуал, на кој што започна стампедото во кое 717 лица загинаа, а 900 беа повредени.
Луѓето брзаат за наутро да бидат меѓу првите кои “ќе го каменуваат ѓаволот“, пишува CNN.
За време на овој ритуал во Мина, аџиите фрлаат камења на три ѕидови и столбови кои се нарекуваат Јамарат како поврзување со делото кога пророкот Абрахам го каменувал ѓаволот за да го лиши од искушенијата.
2. Високи температури
Ова патување за аџиите е само по себе физичко исцрпување. Но, ако тука додадеме и 43 степени Целзиусови, ситуацијата станува уште по опасна.
Луѓето паѓале и се онесвестувале во толпата, што дополнително го засили стампедото.
,,Бев надвор два часа, фотографирав и снимав, и по само два часа изложеност на сонцето, ми се вртеше и бев пред онесвестување, вели една од присутните во Мина за CNN. Таа потенцира дека и покрај пеколните горешнити, луѓето брзале за да го спроведат овој важен ритуал за нив.
Зборувајќи со учесници во стампедото, таа вели, и самите тие знаеле дека доколку не си физички подготвен, тешко дека ќе можеш да се изолираш од турканиците.
3. Неискуство и забуна
Многу од присутните во Мека, таму доаѓаа прв пат и не биле физички и психички спремни да се справат со хаосот. Друга причина би можело да биде, релацијата на различни групи. Некои се враќале од ритуалот, други оделе да го извршат и од нетрпливост настанал метежот.
,,Ако се направи една грешка- ако една група тргни во погрешен правец, тоа може да предизвика катастрофа. A, тоа се случи и вчера'' - вели Џамал Кашоги за CNN.
4. Верниците не ги следат насоките
Портпаролот за безбедност на Министерството за внатрешни работи, вели дека проблем е тоа што присутните не се придржуваат до насоките што им се дадени, туку ,,одат по свој пат и сакаат да најдат кратенки".
Овие неколку причини во една ситуација и на едно место ја предизвикаа вчерашната трагедија.
Видеото е снимка од катастрофата и е со вознемирувачка содржина.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=QFrwgeruxnE[/embed]


