(ВИДЕО-ФОТО) КАКО НА ДРУГА ПЛАНЕТА: Розев смог ги обиколи кинеските градови и предизвика паника!
Пекинг издаде црвен степен на загадување поради се поголемиот смог кој го зафатил градот.
Интернетот го преплавија слики од кинескиот град Нанкинг во самрак. Загадувањето е толку големо што смогот прима некоја необична розева боја која прави граѓаните да бидат уште повеќе вознемирени.
Се изгледа како да се работи за некој фитуристички филм. „Може ли некој да објасни што се случува со небото“ ,запраша еден корисник на социјалните мрежи.
Нивото на загадување во тој град вчера и денес е 10 пати повисоко од безбедносното ниво кое го пропиша Светската здравствена организација, поради што се откажани сите школски активности на отворено.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/XHNews/status/679493768148422656?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Поедини кинески медиуми ја пренесоа оваа приказна насловена како „Розевиот смог“ што разлутило многу граѓани бидејќи сметаат дека проблемот на загадувањето не се сфаќа сериозно туку „преку розеви очила“.
Кинеската влада уште не презема никакви конкретни мерки и не претстави јасен план во решавање на овој горчлив проблем кој се повеќе почнува да влијае на секојдневниот живот.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/ChineDirect/status/679551429858705412?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Смогот го предизвикуваат воглавно електрани кои согоруваат јаглен, индустриско загадување и пораст на бројот на возила на улиците, а во Пекинг проблемот е додатно отежнат со географската положба бидејќи од три страни е опкружен со планини кои го задржуваат смогот под притисок на ладниот зимски воздух.
Во исчекување на реализацијата на ветените планови за намалување на загадувањето после согорувањето на јагленот, жителите на Пекинг и другите загадени градови на северот од Кина се прилагодуваат на тешките услови носејќи маски и опремувајќи ги куќите и становите со филтери за воздух.
Во меѓувреме, резултатите од научните истражувања говорат дека смогот во Кина годишно однесува 1,4 милиони луѓе или скоро 4000 годишно.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/7X0bRMVatAM[/embed]