(ВИДЕО+ФОТО) Јапонија ја покажа својата воена моќ
Јапонија ја покажа својата сила на спектакуларна воена смотра. Моќта на јапонската морнарица беше прикажана преку воени вежби, во чии рамки беа претставени и подморници, носачи на авиони и хелихоптери.
Јапонија го претстави новиот носач на хеликоптери Изумо, кој е најголемиот јапонски воен брод од Втората светска војна па досега, долг 248 метри.
Освен јапонските бродови и авиони, учествуваа и воени бродови од Индија, Јужна Кореја, Австралија, Франција и Америка.
На смотрата во близина на Токио учествуваа 50 брода и 61 авион. Ова е прв ваков настан откако јапонскиот парламент даде одобрение со кое прв пат во Втората светска војна, нивната војска ќе може да ги брани странските сојузници.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=dkl_PC0cgn8&feature=youtu.be[/embed]
Слично



