Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ИТАЛИЈАНСКИ ХЕРОЈ: Ова е полицаецот кој го ликвидирал Берлинскиот напаѓач !

(ВИДЕО-ФОТО) ИТАЛИЈАНСКИ ХЕРОЈ: Ова е полицаецот кој го ликвидирал Берлинскиот напаѓач !

Младиот полицаец кој три часа по полноќ го убил Тунижанецот Анис Амри е Лука Скат, кој инаку стапил на должност само девет месеци пред овој инцидент.


Тој најопасниот и најбаран терорист, кој со камион влета во божиќен саем во Берлин и уби 12 луѓе го убил после рутинската полциска контрола во миланската населба Сесто Сан Џовани.

Имено, полицајците го запреле возилото и само сакале да го преконтролираат возачот. Но, тој извадил пиштол и почнал да вика „Алах Акбар“ и да пука притоа повредувајќи го полицаецот Кристијан Мови (36). Куршумот кој дошол од страна на младиот Скат го спречил терористот да повреди уште луѓе.

Во текот на попладнето се огласил и министерот за внатрешни работи на Италија Марко Минити, кој потврдил дека во Милано е убиен Тунижанецот, осомничен за нападот во Берлин. Тој притоа му се заблагодари на младиот Лука Сакт во име на целото министерство и италијанска полиција.

-Амри беше најбаран терорист и многу сум горд со која брзина колегата кој што неодамна стапи на должност ја реши ова состојба. Тоа покажува дека безбедноста во нашата земја е на завидно ниво“, рекол Минти.


Слично

Поврзани вести