Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ХОРОР ВО ЊУЈОРК: Огнена стихија проголта најмалку 12 луѓе

(ВИДЕО-ФОТО) ХОРОР ВО ЊУЈОРК: Огнена стихија проголта најмалку 12 луѓе

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио соопши дека ноќеска во пожар кој ја зафатил зградата во Бронкс загинале 12 луѓе, вклучувајќи и едногодишно дете, додека лекарите се борат за животот на четири лица.


„Би можеле да ги изгубиме и другите“, рекол Де Блазио.


Се наведува дека тоа, според бројот на жртви, бил најголем пожар во Њујорк во последните четири векови и дека се случил во текот на најстудените ноќи оваа зима.

Агенциите наведува дека шефот на локалната противпожарна служба Даниел Нигро рекол оти овој пожар има „историски размени“ поради бројот на живот кои ги однел.


Американските телевизии известуваат дека двајца загинати се најдени во када, а БиБиСи ги пренесува изјавите на преживеаните кои велат дека луѓето „умирале врескајќи“


Пожарот избил околу седум часот вечерта во петкатница недалеку од Зоолошката градина во Бронкс и дека околу 170 пожарникари се обидуувале да ја запрат огнената стихија и спасат станари.


Слично

Поврзани вести