ВИДЕО + ФОТО: ХОРОР ВО НИЦА: Терорист со камион газел луѓе
Во францускиот град Ница синоќа терорист викал „Алах Акбар“ и газел луѓе цели два клиометри.
Во камионот на напаѓачот кој синоќа уби повеќе од 84 луѓе, е пронајдена неговата лична карта и потврдено е дека станува збор за Французин со потекло од Тунис. Тој бил на возраст од 31 година. Камионот бил полн со оружје. Според сведоштва на очевидци, камионот со полна брзина удрил во толпата нешто по 23 часот и 20 минути, предизвикувајќи паника меѓу присутните. Возачот терорист викал „Алах Акбар“ додека газел луѓе цели два километра. Над 50 деца се пренеснеи во болница.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/wG75LhluPaQ[/embed]Се шпекулира дека бил поврзан со „Исламска држава“ и дека зад нападот уште еднаш стои муслиманскиот радикализам. Светските медуими пренесоа дека напаѓачот ѝ бил познат на полицијата заради потенцијални кривични дела и сомнителни активности, но не бил директно поврзуван со тероризам.
Ова беше крвава ноќ за Франција. Вчера земјата го славеше падот на Бастилја.


