(ВИДЕО-ФОТО) Хеликоптери ги евакуираат планинарите блокирани на Монт Еверест
Хеликоптери ги евакуираат планинарите, кои се се уште блокирани на падините од Монт Еверест, откако земјотресот предизвика лавина и загинаа над 18 лица на највисокиот врв во светот.
Три хеликоптери биле испратени за да евакуираат околу 150 планинари од Кампот 1 и 2 на Монт Еверест. Лавината го затрупала патот до базниот камп, објавија непалските власти.
Алпинистите, за кои се смета дека не се сериозно повредени, се транспортирани до базниот камп, кој се наоѓа на 5380 метри надморска височина.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/5Ut8_E2LRxA[/embed]Хеликоптерите веќе спасиле стотици планинари и нивните тимови, кои настрадаа во базниот камп по големата лавина. За време на стихијата на различни места низ планината имало над 800 луѓе.
Претставник на локалните власти изјавил дека поради лавината која уништила дел од маршрутата, која ги поврзува логорите еден со друг, и овогодинешната сезона може да биде откажана. Тој, сепак, додаде дека официјална одлука сеуште не е донесена.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AiD_icFn5Pc[/embed]

