(ВИДЕО+ФОТО) ХАОС ВО ПРИШТИНА: Запалена Влада, повредени полицајци и уапсени демонстранти
Единаесет лица се повредени, а над 24 демонстранти се уапсени, на денешните протести во Приштина кои ескалираа во улични судири.
Меѓу повредените има седум полицајци, двајца демонстранти, еден случаен минувач и телевизиски снимател.
Полицијата со солзавец успеа да ги растера демонстрантите, кои со молотови коктели запалија дел од зградата на косовската Влада.
Денешниот протест беше еден од најголемите антивладини протести во Приштина, каде демонстрантитеуште еднаш покажаа дека не се откажуваат од барањето да се поништи Бриселскиот договор што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини и договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
а.
Слично

