(ВИДЕО-ФОТО) Гана: Пекол под небото, пожар во нафтена станица уби 90 лица
Повеќе од 90 лица загинаа по пеколниот пожар во нафтена станица во главниот град на Гана, Акра. Пожарот избувнал додека жителите на главниот град се обиделе да се справат со катастрофата предизвикана од обилните дождови во последните неколку дена.
Потопот оставил стотици луѓе без дом и засолниште. Струјата во главниот град е речиси целосно запрена. Неколку лица биле сместени во нафтената станица и биле внатре, кога избувнал пожарот.
Поради поплавите спасувачката акција била силно отежната. Има голема веројатност бројот на загинатите да биде многу поголем. Претседателот Џон Махама го посетил местото на инцидентот и повика на смиреност, за да можат пожарникарите и лекарите да ја заврши работата.
Повеќе од два дена поројни дождови ја поставија Акра на колена. Насекаде се гледаат апокалиптични сцени со свлечени автомобили во водата, уништени куќи и сиромашни луѓе. Стотици луѓе се блокирани на своите работни места, а некои се принудени да престојуваат во своите автомобили.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/2e-XmRgKT6k[/embed]



