ВИДЕО+ФОТО: Експлозија на пакет на железничка во Париз
Станицата Гар де Норд во Париз е евакуирана поради експлозија, а постои сомнеж дека се случил терористички напад.
После дојава за сомнителен пакет, полицијата ја изнела бомбата и извела контролирана детонација. Ова е една од најфреквентните станици во Париз.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/matthewwoolfldn/status/774290219550081024[/embed]Видеото објавено на Твитер покажува дека патниците биле замолени од персоналот на железничката станица да се вратат во атриумот во моментот кога се слуша експлозија во позадина.
Дојавата за бомбата дошла само еден час откако француските власти објавиле дека уапсиле три радикализирани жени минатата недела, кои се подготвувале за напади. Ова е втор сличен инцидент во Гард ду Норд месецов.
Слично

